02.7.2014 Еспањол бара два милиони од ФИФА поради повредата на Морено
Шпанскиот прволигаш Еспањол ќе бара два милиони евра од ФИФА како компензација за тешко повредениот Ектор Морено.
Мексиканскиот 26-годишен дефанзивен играч ја скрши левата нога во натпреварот од осминафиналето против Холандија.
На Морено му е извршена операција во Гвадалахара и според првите процени на лекарите, го очекува пауза од шест месеци.
Мексиканскиот стопер беше пред заминување од клубот од Барселона, откако ова лето за него понуди испратија Манчестер сити и Тотенхем. Еспањол немаше намера да го продаде Морено за помалку од десет милиони евра, а во јануари ја одби понудата на рускиот Рубин од девет милиони.