Корисничко име Лозинка Пријави се
30.5.2014

Парма без лиценца, Торино во Лигата на Европа

Високиот суд на УЕФА не ѝ ја одобри на Парма лиценцата за учество во Европа, па во следната сезона Торино ќе ја претставува Италија во Лигата на Европа.

Парма поднесе жалба на одлуката на Фудбалскиот сојуз на Италија да ѝ ја суспендира лиценцата бидејќи доцни со исплата на вработените, иако платила 13 милиони, а не доисплатила само уште 300.000 евра поради административна грешка.
Но, УЕФА ја потврдила одлуката на Фудбалскиот сојуз, па, сепак, Торино ќе добие шанса да игра во Лигата на Европа следната сезона.
Последна шанса да остане во Европа Парма ќе побара на Судот за спортска арбитража во Лозана, но се претпоставува дека нема никакви шанси.
Парма во последното коло се избори за место во Лигата на Европа со еден од од повеќе од Торино, и тоа благодарение на промашениот пенал на ривалот во продолжението против Фиорентина.

Најнови вести