22.4.2014 Барнли покрај Лестер во Премиер лигата
Фудбалерите на Барнли на две кола пред крајот на Шампионат лигата, обезбедија промоција во Премиер лигата.
Екипата од Ланкашир со триумфот од 2-0 на домашен терен во 44-тото коло против Виган и математички обезбеди пласман во елитниот ранг по три сезони.
Голема радост на навивачите на „Тарф Мур“ им донесоа Ешли Барнс во 22-рата минута и Мајкл Кајтли на три минути пред крајот на првото полувреме.
Клубот основан во 1882 година му се придружи на лидерот Лестер, кој неколку кола порано ја обезбеди првата позиција. Барнли во Премиер лигата се враќа по повеќе од една деценија.
Барнли последен пат автоматски промоција обезбеди во сезоната 1972/73, кога Ливерпул стана шампион на Англија.
Третиот патник ќе биде познат по натпреварите од плејофот. Дерби каунти и Квинс парк ренџерс ги обезбедија третото и четвртото место, па се релаксирани во последните две кола и можат во целост да се посветат на доигрувањето.
Борбата за преостанатите две места ќе биде неизвесна до самиот крај на средбата. Во најдобра позиција е Виган, кој со 70 бодови се наоѓа на петтата позиција, а има и натпревар помалку во однос на повеќето конкуренти. До крајот на Шампионат лигата му преостануваат дуелите со Блекпул на домашен терен и со Бирмингам и Блекбурн во гости.