09.1.2014 Бехрами во аут два месеци
Фудбалерот на Наполи, Валон Бехрами, најверојатно ќе паузира два месеци заради повредата на прст на левата нога, пренесе италијанскиот спортски весник „Газета дело спорт“.
Лекарскиот тим на Наполи не сметал дека повредата е од посериозна прирада, но деталните прегледи во Германија потврдиле дека на фудбалерот од средината на теренот му претстои подолга пауза.
Според моменталната ситуација, Бехрами најверојатно нема да мора да оди на операција.
Во досегашниот тек на сезоната Бехрами одигра 23 натпревари за Наполи, а екипата предводена од Рафаел Бенитес е на третата позиција во италијанската Серија А со 39 бодови, десет помалку од водечкиот Јувентус.