01.8.2013 Сиена стартува во Серија Б со два бода минус
Новата сезона во италијанската втора лига Сиена ќе ја почне со два бода минус поради пропусти во исплатувањето на платите и данокот навреме.
Така одлучи Дисциплинската комисија на Италијанскиот фудбалски сојуз, а истовремено е изречена суспензија на претседателот на клубот Масимо Мецарома на два месеци и 20 дена.
Клубот од Тоскана минатата сезона испадна од Серија А и беше на работ на банкрот, но на крајот успеа да се договори со доверителите и локалните банки и да опстане.