06.7.2013 Лео Баптистао ново име во Атлетико Мадрид
Атлетико Мадрид го претстави младиот Бразилец Лео Баптистао, два дена откако тренерот Диего Симеоне се пожали дека клубот не ја засилува екипата.
„Јас сум дваесетгодишно момче за кое сè се одвива многу брзо. Дебитирав во првата лига минатата година, постигнував голови, а денеска потпишувам за голем клуб“, изјави Баптистао кој минатата сезона играше за Рајо Валјекано, за кој на 28 натпревари постигна седум голови.
На критиките од Симеоне дека нема „оружје“ со кое би можел да биде конкурентен во Европа, одговри претседателот на клубот, Енрике Серезо.
„Конечно Ателтико доведе некој, иако знаевме со месеци дека ова ќе се случи. Се надевам дека ова нема да биде последен трансфер“, изјави Серезо.