Корисничко име Лозинка Пријави се
04.7.2013

Суспензијата на Леонардо зголемена на 13 месеци

Жалбената комисија при Францускиот фудбалски сојуз не само што ја одби жалбата на Леонардо, спортскиот директор на ПСЖ, за деветмесечната суспензија, туку и му ја зголеми казната.

Сега таа изнесува 13 месеци.
„Врховната жалбена комисија го суспендира Леонардо до 30-ти јуни 2014 година, соопштија од Фудбалскиот сојуз на Франција.
Леонардо прво беше казнет од Дисциплинската комисија на Француската фудбалска лига со деветмесечна суспензија поради инцидентот кој се случи по натпреварот од францускиот шампионата против Валенсиен на петти мај.
Камерата го фати поранешниот репрезентативец на Бразил како на влезот на судиската соблекувална со рамото намерно се судира со судијата Александре Кастро, што е оценето како крајно неприфатливо. Леонардо залудно се правдаше дека на судијата сакал само да му покаже за каков старт во текот на средбата, според негово мислење неправедно, го исклучил Тијаго Силва.
Во текот на периодот на суспензија Леонардо нема право да седи на клупата на екипата покрај теренот, нема право да влезе во соблекувалната, а не смее ниту да контактира со официјалните лица, судиите, нивните помошници и делегатите.

Најнови вести