Корисничко име Лозинка Пријави се
21.5.2013

Вердер трајно го откупи Петерсен од Баерн

Вердер од Бремен постигна договор со Баерн околу трајно откупување на договорот на 24-годишниот напаѓач Нилс Петерсен, пишува „Спорт Билд“.

Во јуни минатата година Баерн Минхен го испрати Петерсен на едногодишен заем во Вердер. Германскиот напаѓач постигна 11 голови и шест асистенции, по што од Вердер контактираа и успешно договорија траен откуп на договорот.
Вредноста на оштетата се проценува на три милиони евра, а Петерсен ќе потпише договор до 2016 или до 2017 година.
„Не можеме да си дозволиме да изгубиме уште еден стрелец“, изјави менаџерот на Вердер, Томас Ајхин.

Најнови вести