09.7.2011 Канаваро заврши со фудбалот
Поранешниот италијански репрезентативец, Фабио Канаваро, кој како капитен ги предводеше „аѕурите“ до светската титула во 2006 година објави дека ја завршува фудбалската кариера.
Фабио Канаваро сакал да продолжи со активното играње фудбал
но лекарите го предупредиле дека повреденото колено нема да може да ги издржи
напорите на уште една сезона.
„Многу сум тажен. Фудбалот ми е сè во животот“, изјави
Канаваро откако објави дека ја завршува богатата и успешна кариера.
Канаваро е единствен дефанзивен фудбалер кој го доби
признанието од ФИФА за најдобар светски фудбалер. Тоа беше во 2006 година кога
Италија триумфираше на Светското првенство во Германија. Канаваро играше на
вкупно четири Мундијали и со 136 настапи за Италија е рекордер во селекцијата
на „аѕурите“.
Триесет и седумгодишниот Канаваро во богатата кариера беше
член на Наполи, Парма, Интер, Јувентус и Реал Мадрид, а последната сезона
играше во Ал Ахли од Соединетите Арапски Емирати каде и ќе остане да работи
како советник.