Корисничко име Лозинка Пријави се
07.5.2013

На ПСЖ му се заканува одземање бодови, а на Леонардо суспензија?

Поради туркање на судијата по натпреварот од 35-тото коло на француското фудбалско првенство меѓу ПСЖ и Валенсиен (1-1), на парискиот состав и на неговиот спортски директор Леонардо им се закануваат санкции, пишува „Л’Екип“.

По завршувањето на средбата, Леонардо остро протестираше поради црвениот картон доделен на Тијаго Силва и се обиде да ја симулира ситуацијата поради која судијата Александр Кастро го исклучи бразилскиот стопер.
Леонардо малку го оттурна арбитерот, во благ стил на хокеарски бодичек, што официјално може да се сфати како повреда по точката 2.9 од дисциплинскиот правилник.
Францускиот спортски дневник наведува дека на Леонардо му се заканува едногодишна суспензија, а на неговиот клуб ПСЖ, кој е на прагот на првата лигашка шампионска титула по 19 години, одземање бодови.
Водечкиот ПСЖ на три кола пред крајот има седум бодови повеќе пред второпласираниот Марсеј.

Најнови вести