Корисничко име Лозинка Пријави се
22.4.2013

Морати: Страмачони на клупата и следната сезона

Масимо Морати, претседателот на Интер, изјави дека актуелниот тренер Андреа Страмачони сигурно ќе остане на клупата и следната сезона.

„Кога и да ме прашаат дали Страмачони останува, секогаш велам да. Не е лесно да се прават планови за иднината со компјутер кој има вирус, а ние оваа сезона ги имавме и сè уште имаме многу повредени играчи. Нашиот тренер работи добро и сега размислуваме само за наредната сезона“, изјави Морати за „Скај телевизија“.
На констатацијата сека своевремено Алберто Ѕакерони и Роберто Манчини го напуштија клубот, и покрај јавната поддршка, Морати изјави:
„Тие две ситуации се различни, Ѕакерони сам одлучи да оди, а кај Манчини моравме да бараме нов тренер, иако работеше добро. За среќа, тогаш го избравме Мурињо“.
Интер на пет кола пред крајот на Серија А се наоѓа на петтата позиција, со шест бодови помалку од градскиот ривал Милан, па сосема е извесно дека втора година по ред нема да игра во Лигата на шампионите.

Најнови вести