Корисничко име Лозинка Пријави се
25.1.2013

И Сисоко потпиша за Њукасл

Фудбалерот од средината на теренот на Тулуз, Муса Сисоко, е последното француско име во Њукасл.

Дваесет и двегодишниот Сисоко ја одработуваше последната година од договорот со Тулуз, кој официјално го потврди неговиот трансфер во Њукасл. Фудбалерот беше цел на многу клубови, вклучувајќи ги и Интер, Јувентус и Тотенхем, а со „чавките“ ќе потпише договор до 2018 година.
Досега има пет настапи во дресот на француската репрезентација, а се верува дека оштетата која платил Њукасл е два и пол милиони евра.
Претходно во Њукасл дојдоа и Масадио Хајдара, Јоан Гуфран, Мапу Јанга-Мбива и Матје Дебуши, а во клубот ќе им се приклучат на Јоан Кабаје, Хатем Бен Арфа, Габриел Обертан, Силвејн Марво, Ромејн Амалфитано и Алжирецот роден во Франција, Мехди Абеид, со што францускиот контингент на „Сен Џејмс парк“ ќе брои десетмина фудбалери.

Најнови вести