Корисничко име Лозинка Пријави се
23.1.2013

Лугано од ПСЖ во Малага

Диего Лугано, 32-годишниот уругвајски фудбалски репрезентативец од редовите на ПСЖ, до крајот на сезоната ќе игра на заем во Малага.

Шпанскиот прволигаш го потврди доаѓањето на Лугано, без можност да го откупи договорот од ПСЖ, кој го врзува до 2014 година.
„Доаѓањето во Малага во втората половина од сезоната е многу примамливо поради сите предизвици со кои е соочена екипата. Имаме добри резултати во лигата, имаме шанси во Кралскиот куп, а играњето во Лигата на шампионите е посебен предизвик“, изјави Лугано, кој има 72 настапи во дресот на репрезентацијата на Уругвај.
Лугано за Малага ќе има право да настапи и во Лигата на шампионите (во осминафиналето против Порто) бидејќи ПСЖ не го пријави на својот список со играчи на кои смета во овосезонското издание на елитното клупско фудбалско натпреварување.
Во ПСЖ Лугано дојде во 2011 година од Фенербахче, а претходно играше и за Национал, Плаза Колонија и Сао Пауло.

Најнови вести