Корисничко име Лозинка Пријави се
18.12.2012

Ажаксио го смени тренерот поради несогласување со играчите

Ален Орсони, претседателот на францускиот прволигаш Ажаксио, му врачи отказ на 58-годишниот тренер Алекс Дипон поради нарушен однос со играчите.

Ажаксио во саботата, во 18-тото коло на француското првенство, на гостувањето кај Троа изгуби со 3-2. Екипата на табелата не стои толку лошо, го држи 14-тото место со 19 бодови, но претседателот констатираше дека поради многу лошиот однос меѓу играчите и тренерот немал избор.
„ Поединечно се сретнав со играчите и заклучив дека постои голем јаз меѓу нив и тренерот. Таквата состојба е неприфатлива. Посебно загрижувачка е психолошката состојба меѓу играчите. Не можам веќе да ги пронајдам оние вредности коишто традиционално ја претставуваат нашата сила. Поради тоа одлучив Алекс Дипон веќе да не биде наш тренер“, објасни претседателот на францускиот клуб.
Се очекува следните денови Ажаксио да именува нов тренер.