Корисничко име Лозинка Пријави се
14.1.2013

ПСЖ без Тијаго Силва еден месец

Францускиот фудбалски клуб ПСЖ еден месец ќе биде без својот стопер Тијаго Силва поради повреда на бутниот мускул.

Силва повредата ја заработи во натпреварот од француското првенство против Ажаксио (0-0) минатиот петок, а денеска ќе му бидат извршени детални прегледи. ПСЖ не излезе во јавноста со детални информации, туку само објави дека Бразилецот ќе паузира околу еден месец.
Фудбалерот на ПСЖ ќе пропушти три првенствени и еден натпревар на Францускиот куп, но би требало да биде спремен на 14-ти февруари за средбата против Валенсија на „Месталја“, во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Најнови вести