Корисничко име Лозинка Пријави се
16.10.2012

Роберт Просинечки го презеде турскиот Кајсериспор

Откако ја напушти Црвена звезда, Роберт Просинечки луташе околу два месеци, а по сите најави за ангажман во Камерун или Сплит, работа најде во Турција, и тоа во Кајсериспор, пренесоа хрватските медиуми.

Станува збор за клуб кој моментно се наоѓа на 15-тото место на турското првенство, но има аспирации за пласман во европските натпреварувања.
Легендарниот Жолти потпиша договор на две години, но деталите од договорот сè уште не се познати.
„Поранешниот играч на Реал Мадрид, Барселона и на хрватската репрезентација би требало да стартува со работа денеска“, пренесоа турските медиуми.
Работата во Турција е предизвик за Просинечки бидејќи очекувањата се исклучителни, дури и за Кајсериспор. Главна цел му е влез во Европа, но примарна е да не испадне од лигата. По седум кола има седум бодови, најмногу поради лошите игри во гости.

Најнови вести