Корисничко име Лозинка Пријави се
22.9.2012

Гансо го напушти Нејмар и Сантос и го засили Сао Пауло

Пауло Енрике Гансо, дваесет и двегодишниот фудбалер и голема надеж на бразилскиот фудбал го напушти својот досегашен клуб Сантос и потпиша петгодишен договор со Сао Пауло.

Оваа вест ја објавија бразилските медиуми без информации какви се финансиските услови на овој трансфер.
Со години Гансо и Нејмар се развиваа во Сантос и беа главни актери во сите успеси на клубот. Но патот им се раздвои, а Гансо од многуте понуди ја одбра онаа на во моментов петтопласираната екипа во бразилската Серија А.
„Многу клубови беа во игра, но отсекогаш моја прва опција беше Сао Пауло. Многу се радувам на почетокот на соработката и игрите во мојот нов клуб“, изјави Гансо.
Многу европски клубови во последно време го следеа креативниот фудбалер од средината на теренот, како и други бразилски клубови (Фламенго и Гремио), но Гансо го одбра Сао Пауло кој последен пат беше шампион на Бразил во 2008 година.

Најнови вести