Корисничко име Лозинка Пријави се
14.9.2012

ПСЖ без Силва, Лавеци, Лугано, Ван дер Вил и уште неколкумина

Тренерот на францускиот прволигаш ПСЖ, Карло Анчелоти, не може да смета на неколкумина фудбалери за средбата од петтото коло кога на „Паркот на принцовите“ гостува Тулуз.

Тиаго Силва, големото летно засилување на ПСЖ, уште не е подготвен за дебито во дресот на парискиот клуб. Бразилецот од Милан дојде повреден и уште не заздрави по повредата на препоните, па нема да биде во конкуренција за овој натпревар, но извесно е дека ќе настапи во прветото коло од Лигата на шампионите во среда, што го потврди тренерот на парижаните.
Покрај Силва, Анчелоти нема на располагање да го има ниту Езекиел Лавеци ниту Диего Лугано. Дуото минатата недела ја мина во Јужна Америка каде играше во квалификациските натпревари за пласман на Светското првенство во Бразил за Аргентина и Уругвај и поради напорните натпревари и долгиот пат Анчелоти се одлучи да ги поштеди викендов.
Освен тројцата, италијанскиот стручњак не може да смета ниту на Матје Бодмер, Николас Дуче, Мохамед Сисоко, Тиене и Ван дер Вил. Единствена позитивна вест за Анчелоти е тоа што шведскиот напаѓач, Златан Ибрахимовиќ, е подготвен за настап.

Најнови вести