Корисничко име Лозинка Пријави се
11.9.2012

Мареј го освои првиот Грен слем

Енди Мареј го освои Отвореното првенство на САД победувајќи го во епското финале Новак Ѓоковиќ со 3:2, по сетови 7:6, 7:5, 2:6, 3:6, 6:2 по речиси пет часови игра.

Со тоа Шкотот го освои првиот Грен слем во кариерата, по четири порази во финалето, и стана првиот Британец, по Фред Пери во 1936 година, што го направил тоа.
Голема улога во финалето одигра силниот ветер кој дуваше во првите два часа. Мареј многу подобро се снајде во таквата ситуација, поведе со 2-0, но потоа Ѓоковиќ почна да игра.
Српскиот тенисер ги доби наредните два сета, но во петтиот Шкотот беше подобар и на крајот, сепак, заслужено дојде до првиот Грен слем трофеј. Мареј на крајот имаше 31 винер и 56 неизнудени грешки, додека Новак покрај 40-те винери имаше 65 грешки.

Најнови вести