Корисничко име Лозинка Пријави се
24.5.2012

Њукасл доведе играч за врска од Ремс

Њукасл го ангажира Ромен Амалфитано, 22-годишниот фудбалер од средината на теренот од францускиот Ремс.

Тој во Њукасл ќе дојде како слободен играч, бидејќи на 30-ти јуни му истекува договорот со Ремс, деталите на договорот не се наведени.
Њукасл минатата сезона заврши на петтото место во Премиер лигата и ќе игра во Лигата на Европа, додека Ремс како второпласиран тим во Лига 2 избори пласман во највисокиот ранг на француското првенство.
Амалфитано играше за Ремс од 2010 година, а минатата сезона во 25 натпревари постигна три голови, а претходно настапуваше за Евијан.

Најнови вести