Корисничко име Лозинка Пријави се
23.4.2012

Конте обвинет дека водел наместен меч во Серија Б

Антонио Конте, тренерот на Јувентус, се соочува со сериозни обвиненија во скандалот кој последните неколку месеци го потресе италијанскиот фудбал.

Во тек е истрага за наместените натпревари во Серија А и Серија Б за изминатата сезона, а во декември минатата година беше уапсен триесет и двегодишниот Филипо Каробио, кој одлучи да соработува со обвинителите. Тој откри дека натпреварот меѓу Новара и Сиена, кој заврши 2-2, од минатата сезона во склоп на втората италијанска лига бил наместен и дека тогашниот тренер Антонио Конте бил запознаен со ситуацијата. Каробио, кој тогаш беше фудбалер на Сиена, тврди дека Конте бил информиран за договорот и се чини дека тоа го организирала обложувачката мафија.
Според италијанските медиуми, Конте сето тоа го негирал, но доколку обвинувањата се покажат како точни, му се заканува едногодишна затворска казна бидејќи не го пријавил тоа.
Сиена минатата сезона го освои второто место во Серија Б, што ѝ донесе пласман во елитата, а на нејзиниот тренер му го отвори патот кон клупата на Јувентус, со кого во моментов ја држи првата позиција на табелата.

Најнови вести