Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2012

Шрок потпиша за Хофенхајм

Хофенхајм успеа во својот тим да го доведе филипинскиот репрезентативец Стефан Шрок од редовите на Гројтер Фирт и со него да потпише тригодишен договор.

Дефанзивниот играч, кој е роден во Германија, во Хофенхајм ќе дојде како слободен играч на крајот на сезонава, кога неговиот договор со лидерот од втората Бундеслига ќе истече.
Шрок минатото лето го имаше и својот прв настап за селекцијата на Филипини во квалификациите за Светското првенство против Шри Ланка.
„Многу сум среќен што добив можност да заиграм во клуб каков што е Хофенхајм, кој изминативе сезони создаде вистинско име во германскиот фудбал и се промовира како сериозна екипа“, рече дваесет и петгодишниот дефанзивен играч.
Стратегот Маркус Бабел е задоволен што неговиот тим успеал да го доведе овој играч, кој значително ќе ја засили задната линија, а му е многу добро познат на овој тренер, бидејќи иако сега е филипински репрезентативец, тој беше дел од младата репрезентација на Германија.

Најнови вести