05.3.2012 Бендер го продолжи договорот
Играчот за врска Ларс Бендер го продолжи договорот со бундеслигашот Баер Леверкузен до 2015 година, пренесуваат германските медиуми.
Фудбалерот кој во 2009 година стигна во редовите на „фармацевтите“ од тимот на Минхен 1860 ја искористи клаузулата која му овозможуваше оригиналниот договор кој беше потпишан на пет години, да го продолжи на уште една.
Дваесет и двегодишниот Бендер во Леверкузен дојде за 2,5 милиони евра, а откако стана стандарден во првите единаесетмина, успеа да одигра и четири натпревари за репрезентацијата на Германија, па неговата цена на пазарот порасна на 11 милиони евра.
„Ларс е многу важен фудбалер за нашиот тим сега, но и во иднина“, изрази задоволство од потпишаниот договор спортскиот директор и поранешна ѕвезда, Руди Фелер.