Корисничко име Лозинка Пријави се
05.3.2012

Михајловиќ го чека Лацио

Иако некои медиуми најавуваат дека Синиша Михајловиќ е кандидат да седне на жешката клупа на Интер, тоа не е толку веројатно. Повеќе шанси од Србинот имаат Андре Вилаш-Боаш, кој е сменет во Челзи, или Валтер Ѕенга, кој јавно се нуди.

Клубот од Милано има тренер, втор оваа сезона, па прашање е дали Клаудио Раниери ќе добие отказ. Сопственикот Масимо Морати вели дека нема да се фрлаат пари во ветер повторно. А ако го смени сегашниот тренер, тогаш шанса ќе му даде на Џузепе Барези.
„Зошто би плаќал некого за два месеци да ја доврши работата во лошата сезона? Всушност, кој тренер би прифатил да ја преземе екипата во март? И во Челзи тоа го сфатија“, рече Морати.
Инаку, Михајловиќ сè уште е под договор со Фиорентина, иако доби отказ во ноември минатата година. Добива пари и гледа како „виолетовите“ не успеваат со неговиот наследник Делио Роси, а во Италија и не е толку чудно тренерот да се врати на старата позиција по неколку месеци.

Најнови вести