26.5.2011 Унгарецот Касаи ќе го суди финалето
Унгарскиот судија Виктор Касаи ќе биде главниот судија на големото финале меѓу Барселона и Манчестер јунајтед во Лигата на шампионите кое ќе се игра во сабота на „Вембли“.
Триесет и петгодишниот
судија има судено на повеќе од 60 натпревари во организација на УЕФА во
неговата кариера, а на Манчестер јунајтед сезонава му судеше еднаш, во
натпреварот против Валенсија, кој „црвените ѓаволи“ го добија со 1-0, а во него
додели само еден жолт картон.
Тој, исто така, се најде
и на центарот кога Шпанија, предводена од играчите на Барселона, Пике, Пујол,
Вилја, Чави, Педро и Иниеста, ја совладаа Германија во Дурбан со 1-0, за да го
достигнат финалето.
Сите судии, т.е. неговите
помошници, ќе бидат од Унгарија, и тоа Габор Ерош и Ѓорѓи Ринг, а како четврт
судија ќе биде Иштван Вад.
Два додатни помошни судии
ќе бидат Михали Фабијан и Тамаш Богнар, како и Робер Киспал, кој ќе биде
резерва.