01.2.2012 Одложени уште два меча од Серија А
По натпреварот меѓу Парма и Јувентус, кој требаше да се одигра вчера, денес се одложени уште два натпревари од дваесет и првото коло од италијанското првенство.
Се работи за натпреварите Болоња против Фиорентина и Сиена против Катанија, кои требаше да се одиграат вечерва, но и двата се одложени поради обилните врнежи снег.
Новиот термин на одигрување на овие натпревари сè уште не е познат и ќе биде дополнително закажан.
Другите шест преостанати натпревари од дваесет и првото коло ќе се одиграат во планираниот термин.