Корисничко име Лозинка Пријави се
04.8.2018

Јери Мина и Јунајтед се договорија, Барса бара 45 милиони евра

Личните услови се договорени, Мина ќе игра на „театарот од соништата“, но, само ако каталонците дадат „благослов“

Дефанзивецот на Барселона, Јери Мина, наводно ги договорил персоналните услови со Манчестер јунајтед, но, премиерлигашот се уште не ги исполнува барањата на шпанскиот првак. Колумбиецот веќе се согласил на петгодишен договор според кој би заработувал 8.5 милиони евра по сезона, но Барселона бара 45 милиони евра отштета.

Највисоката понуда на „црвените ѓаволи“ досега изнесува 39 милиони евра, па ако Мурињо толку многу го посакува Мина на „Олд трафорд“, ќе мора да попушти бидејќи се наближува крајот на трансфер пазарот во Англија. Англискиот вицепрвак очајно се обидува да ја засили одбраната, откако во претходниве контактираа и со Баерн Минхен околку евентуален ангажман на Џером Боатенг.

Најнови вести