Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2018

Шоу разочаран од критиките на Мурињо ќе го напушти „Олд Трафорд“

Лук Шоу, левиот бек на Манчестер јунајтед, изјави дека сериозно размислува да го напушти „Олд Трафорд“ по јавните критики на менаџерот Жозе Мурињо.

Мурињо на натпреварот од ФА купот против Брајтон (2-0) го замени англискиот лев бек по првото полувреме, а потоа го критикуваше неговото залагање и настапот со зборовите: „Шоу играше така како телото да му кажуваше да биде заменет“.
„Скај спорт“ пишува дека дваесет и тригодишниот фудбалер е разочаран од јавниот настап на менаџерот, но дека нема да дозволи да го понижува и затоа има големи шанси да си оди на крајот на сезоната.
На Шоу му истекува договорот летото 2019 година, оваа сезона одигра само 15 натпревари бидејќи е во сенка на Ешли Јанг и сето тоа укажува дека е идеален момент да си оди од „Олд Трафорд“.
Јунајтед во 2014 година Шоу го плати на Саутхемптон рекордни 35 милиони евра за лев бек, но тој не ги исполни очекувањата, делумно и поради сериозната повреда.

Најнови вести