27.12.2011 Басиле нов тренер на Расинг
Аргентинскиот прволигаш Расинг вчера потврди дека водењето на неговата прва екипа ќе го преземе искусниот 68-годишен тренер Алфио Басиле.
Тренерот кој репрезентацијата на Аргентина два пати ја одведе до титулата на Копа Америка на клупата на Расинг ќе го наследи Диего Симеоне, кој го презеде Атлетико Мадрид.
Басиле по четврти пат во тренерската кариера ќе седне на клупата на Расинг, со кого во 1988 година го освои Јужноамериканскиот суперкуп.
Најголемиот дел од играчката кариера Басиле, исто така, го помина во Расинг, со кого во 1967 година го освои Копа Либертадорес.