Корисничко име Лозинка Пријави се
05.2.2018

Симеоне со проблеми: Годин и Савиќ мора да паузираат

Лоша вест за Диего Симеоне. По вчерашните повреди во дербито со Валенсија, денес е соопштено дека Стефан Савиќ и Диего Годин ќе мора да паузираат.

Савиќ излезе од игра во првото полувреме поради проблеми со мускулите и ќе биде надвор од редовите околу три седмици.
Диего Годин се здоби со тежок удар во судирот со голманот Нето, остана без три заби, а поради траумата и болките во пределот на главата, ќе мора да паузира околу дваесетина дена.
Диего Симеоне нема да може да смета на двајцата за наредните пет натпревари - со Копенхаген во Лигата на Европа, како и за натпреварите со Малага, Атлетик Билбао и Севилја во Примера лигата.
Целта е Савиќ и Годин да бидат подготвени за големото дерби со Барселона на „Камп ноу“ на четврти март.
Дотогаш во одбраната ќе играат Лукас Ернандес и Хименез.

Најнови вести