Корисничко име Лозинка Пријави се
23.12.2011

Смена на клупата на Џенова

Алберто Малесани е десеттиот тренер кој е отпуштен сезонава во италијанската Серија А. Негов наследник на клупата на Џенова е Пасквале Марино.

Веста за смената на тренерот за медиумите ја објави претседателот на клубот Енрико Прециоси, нагласувајќи дека процесот на потпишување на договор со Марино е во тек.
Смената на 57-годишниот Малесани дојде по тешкиот пораз од 6-1 на гостувањето во Наполи во последниот натпревар во Серија А, по кој Џенова е на десеттото место на табелата со 13 бодови заостанување зад водечките Јувентус и Милан.
Малесани ја водеше екипата од јуни годинава. Новиот тренер, 49-годишниот Марино е поранешен тренер на Катанија, Удинезе и Парма, а без клупски ангажман е од април.

Најнови вести