Корисничко име Лозинка Пријави се
28.12.2017

Караско си оди од Атлетико – ќе оди во Баерн или во Премиер лигата

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, му дозволил на Јаник Караско да го напушти клубот, со оглед на тоа дека на засилувањето Витоло на први јануари му истекува правото да заигра за Мадриѓаните.

Како што се наведува, Белгиецот доби одврзани раце бидејќи Витоло ќе добие простор, а поради Диего Коста, кому исто така му истекува правото да заигра на први јануари, и Антоан Гриезман ќе мора да игра малку повлечено.
Караско во Атлетико дојде во 2015 година од Монако, постигна 22 гола меѓу кои и погодокот во финалето на Лигата на шампионите против Реал минатата година.
Како потенцијални купувачи се споменуваат Баерн од Минхен и неколку англиски клубови.

Најнови вести