Корисничко име Лозинка Пријави се
05.12.2017

Симеоне: Имаме шанса за победа

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, пред натпреварот со Челзи од последното коло на групната фаза на Лигата на шампионите изјави дека тоа натпреварување за „јорганџиите“ има огромно значење, но дека не зависи сè од неговите играчи и дека поради тоа нема да бидат оптоварени со она што не можат да го променат.

Во групата Ц од Лигата на Шампионите Челзи се наоѓа на првата позиција со десет бодови, два помалку има Рома на второто место, а третопласиран е Атлетико со два помалку од Римјаните. Карабаг е на последното место само со два бода, но тоа се бодови коишто директно влијаеја на сегашната состојба на табелата. Двата се освоени во натпреварите со Атлетико од Мадрид, па „црвено-белите“ сега мора да победат во Лондон и да се надеваат на кикс на Рома на „Олимпико“. Тоа, барем теоретски, е тешко изводливо.
„Ние можеме да размислуваме само за себе и за својата ситуација. Не мислам да се грижам за тоа што се случува во Рим бидејќи играме против фантастичен тим и мораме да дадеме сè од себе во тој натпревар. Челзи се наоѓа на чело на групата и целосно ја заслужува таа позиција, така што ние мораме да дадеме сè од себе за да дојдеме до позитивен резултат. Во натпреварот мораме да влеземе позитивни, со разбирање дека имаме можност да ги повредиме и на крајот да ја однесеме победата“, изјави Симеоне.
Атлетико во претходните четири сезони два пати играше во финалето на Лигата на шампионите, па доколку испадне во групната фаза, тоа би било голем неуспех.
„Лигата на шампионите за нас значи многу и има специфична тежина бидејќи последните неколку години остваривме одлични резултати. Сега мораме да се бориме за да ја продолжиме таа традиција“, додаде Симеоне.
Натпреварите од групата Ц на програмата се вечерва, од 20 часот и 45 минути.

Најнови вести