15.12.2011 Шварцер ќе отсуствува шест седмици
Марк Шварцер, голманот на Фулам, ќе отсуствува шест седмици од теренот поради повреда на вратот.
Швaрцер се повреди во текот на натпреварот против Свонси минатата сабота.
Фулам наведува дека поради тоа го врати од заем од Ипсвич резервниот голман Дејвид Стокдејл.
На вчерашниот натпревар од Лигата на Европа против Одензе, голот на Фулам го бранеше Нил Етериџ, првата резерва на Шварцер. Мечот заврши нерешено со резултат 2-2, а Фулам прими гол во финишот на натпреварот и не се пласираше во понатамошната фаза од второто по ранг европско клупско натпреварување.