Корисничко име Лозинка Пријави се
07.9.2017

Симеоне продолжува со Атлетико

Диего Симеоне на клупата на Атлетико е од 2011 година и со клубот го освои трофејот во Кралскиот куп 2013 година, а 12 месеци подоцна ја освои титулата во Примера лигата.

Диего Симеоне, тренерот на Атлетико Мадрид, во вторникот потпиша нов договор со клубот со важност до 30-ти јуни 2020 година.
Симеоне во септември минатата година ја скрати должината на договорот со Атлетико за две години, така што досега важечкиот договор му истекуваше во 2018 година.
Но, тој уште тогаш изјави дека тоа не значи дека нема да потпише нов договор.
Диего Симеоне на клупата на Атлетико е од 2011 година и со клубот го освои трофејот во Кралскиот куп 2013 година, а 12 месеци подоцна ја освои титулата во Примера лигата.
Атлетико со Симеоне на клупата го освои трофејот во Лигата на Европа 2012 година, а двапати играше во финалето на Лигата на шампионите и беше поразен од Реал Мадрид.

Најнови вести