Корисничко име Лозинка Пријави се
30.3.2017

Мурињо потврди – Јунајтед десеткуван за викендот

Жозе Мурињо вчера изјави дека натпреварот со Вест Бромич албион сигурно ќе го пропуштат петмина фудбалери, додека неколкумина од нив денес ќе стигнат од репрезентативните обврски во Јужна Америка.

Манчестер јунајтед има пеколен распоред во април, а на почетокот на месецот на натпреварот со Вест Бромич сигурно ќе биде без петмина играчи.
Крис Смолинг, Фил Џонс се повредија со репрезентацијата, Пол Погба сè уште не е закрепнат, додека Златан Ибрахимовиќ и Андер Ерера и понатаму се суспендирани.
„Не можеме да сметаме на четворица играчи, а Пол Погба и понатаму не е подготвен, што значи петмина се надвор од редовите“, изјави Мурињо.
Покрај тоа, Серхио Ромеро, Антонио Валенсија и Маркос Рохо дури денес ќе ѝ се приклучат на екипата бидејќи подоцна ќе се вратат од Јужна Америка.
Во сабота од 16 часот Манчестер јунајтед десеткуван го дочекува тврдиот тим на Тони Пулис.

Најнови вести