Корисничко име Лозинка Пријави се
20.3.2017

Лев без Нојер против Англичаните и против Азербејџан

Кевин Трап, голманот на ПСЖ, дополнително е повикан во репрезентацијата на Германија за натпреварите против Англија и против Азербејџан поради повредата на првиот голман Мануел Нојер.

Нојер поради повредата на листот ќе го пропушти овој репрезентативен собир, па Јоахин Лев, селекторот на Германија, одлучил на списокот покрај Марк-Андре тер Штеген и Бернд Лено, да го смести и некогашниот голман на Франкфурт.
Германците пријателскиот натпревар со Англија го играат во среда, во Дортмунд, додека четири дена подоцна во квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство 2018 година во Русија ќе се сретнат со Азербејџан во Баку.
По четири одиграни кола, Германија со максимален учинок и со гол-разлика 16-0 се наоѓа на чело на групата Ц.

Најнови вести