Корисничко име Лозинка Пријави се
15.2.2017

Енрике бесен, тргна да се пресмета со новинарите

Луис Енрике, тренерот на Барселона, по дебаклот против ПСЖ, изјави дека резултатот не би бил поинаков дури играчите и да длабеле со глава.

Барселона доживеа вистинска катастрофа во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите бидејќи „светците“ доминираа од првата до последната минута во Париз.
„Можевме да длабиме со глава и ништо не би се променило“, изјави Енрике, кого потоа го налути прашањето на новинарот на ТВ3 Жорди Грау во врска со тактиката и формацијата.
„Исклучиво јас сум одговорен за она што се случи и не барам некого за да го обвинам, но не ми се допаѓа вашиот тон. Би сакал да имате ист однос и кога победуваме и кога губиме, каков што беше случајот вечерва“, луто изјави Енрике по натпреварот и потоа за малку ќе влезеше во физички судир со новинарот.
Барса по шести пат во нејзината историја прими четири погодоци во елитното натпреварување, а ПСЖ се приклучи на листата на која се: Милан (4-0, 1994), Динамо Киев (4-0, 1997), Валенсија (4-1, 2000), Челзи (4-2, 2005) и Баерн Минхен (4-0, 2013).
„Уште на полувремето резултатот беше многу лош за нас (2-0). Набрзо го примивме третиот погодок, но не можам да кажам дека сме изненадени бидејќи ова е осминафинале на Лигата на шампионите и играчите многу добро знаат што ги чека. Повторно, не губам надеж бидејќи ова е само прво полувреме. Сега не ни се потребни четири, туку пет голови, но со оглед на тоа дека ние сме Барселона, зошто не би сонувале дека можеме да направиме подвиг?“, изјави Енрике.
Од друга страна, медиумите ширум Европа пренесуваат дека поранешниот тренер на Барселона Б, Селта од Виго и Рома целосно ја изгубил довербата во соблекувалната, а посебно кон главните играчи во тимот.

 

Најнови вести