25.8.2016 Бишевац се врати во Франција
Српскиот фудбалер Милан Бишевац се врати во Франција по осумте месеци поминати во Серија А.
Искусниот стопер го напушти римскиот Лацио и ги засили редовите на повратникот во Лига 1, Мец, со кого потпиша двегодишен договор.
„Моето враќање во Лига 1 во Франција и доаѓањето во Мец значи враќање во мојата втора куќа. Многу сум среќен поради тоа“, изјави Бишевац на „Твитер“.
Бишевац има 32 години, кариерата ја почна во Бакс, потоа играше за: Бежанија, Железник, па Црвена ѕвезда, од која во 2007 година отиде во Франција.
Интернационалната кариера ја почна во Ленс, по првата сезона направи трансфер во Валенсиен, а во 2011 година заигра во ПСЖ. Следната година отиде во Олимпик од Лион, за кого играше три години.
Бишевац 19 пати играше за репрезентацијата на Србија.