Корисничко име Лозинка Пријави се
05.8.2016

Бразил „киксна“ на стартот на ОИ

Репрезентацијата на Бразил одигра без голови со Јужна Африка на стартот на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Рио.

„Селесао“ сака да го освои првото олимписко злато, но стартот не беше идеален и покрај тоа што на теренот беше златното трио – Габриел, Нејмар и Габриел Жесус, новото засилување на Манчестер сити.
Бразил доминираше во поседот на топката, упати дури 21 удар кон голот, а најдобрата шанса ја имаше Жесус во 69-ата минута кога го утна празниот гол и го погоди само дирекот.
Голманот на гостите Куме во неколку наврати одлично интервенираше и го спаси својот тим кој го издржи притисокот и покрај тоа што од 59-ата минута играше со играч помалку по исклучувањето на Мвала.
И вториот натпревар од групата А заврши без голови – Данска ремизираше со Ирак. Во второто коло ќе играат Бразил – Ирак и Данска – Јужна Африка.
Во рамките на групата Д Хондурас беше подобар од Алжир со 3-2, Португалија ја победи Аргентина со 2-0 со головите на Пасиенса и Пито.
Во групата Ц Јужна Кореја го декласираше Фиџи со 8-0, Мексико и Германија ремизираа 2-2 – Мексиканците два пати водеа со головите на Пералто и Писаро, а Германците стигнаа до бод преку Гнабри и Гинтер.

Најнови вести