Корисничко име Лозинка Пријави се
15.4.2016

Бразил ги отвора игрите против Јужна Африка

Фудбалскиот турнир на Олимписките игри во Рио де Жанеиро ќе започне со натпреварот меѓу Бразил и Јужна Африка, соопштија организаторите.

Бразил, петкратниот светски шампион, на свој терен ќе се обиде да ја освои својата прва златна олимписка медала.
Натпреварот ќе се игра на 4 август, ден по свеченото отворање на Олимписките игри.
Селекцијата на Бразил и Јужна Африка за играчите до 23 години се сретнаа на крајот на март во пријателскиот натпревар, во кој тимот на селекторот Рожери Мисале победи со 3-1.
Покрај Бразил и Јужна Африка во групата А уште се Ирак и Данска.
Бранителот на трофејот,  Мексико, кој пред четири години во финалето во Лондон беше подобар од Бразил, во Рио ќе игра во групата Ц со Јужна Кореја, Фиџи и Германија.
Групата Б ја сочинуваат Шведска, Колумбија, Нигерија и Јапонија, а Групата Д, Хондурас, Алжир, Португалија и Аргентина.

Најнови вести