Корисничко име Лозинка Пријави се
14.3.2016

ПСЖ со деветка до нова титула веќе во март!

Фудбалерите на ПСЖ ја освоија четвртата по ред титула во француската Лига 1, иако е само 14-ти март.

ПСЖ вчера ја оствари 24-тата победа во националното првенство и стигна до недостижните 25 бодови предност во однос на второпласираниот Монако на осум кола пред крајот.
Избраниците на Лоран Блан ја совладаа екипата на Троа во гости со огромна победа од 9-0 и благодарејќи на ремито на „кнезовите“ во петокот, направија историски подвиг.
Тоа на „светците“ им е вкупно шеста титула како прваци во Франција, со девет трофеи во Купот на Франција, пет во Лига купот и исто толку во натпреварувањето за трофеј за шампионите. Освен тоаклубот од престолнината во своите редовни натпревари го има и најдобриот стрелец, Златан Ибрахимовиќ кој постигна вкупно 27 голови, 14 повеќе од својот прв следбеник Миши Батшуаји.
Понатаму имаат шанса да ја одбранат четворократната круна освоена минатата сезона, но и да сторат нешто повеќе во Лигата на шампионите каде со триумфот над Челзи од 4-2 се пласираа во четврт-финалето.

Најнови вести