02.2.2016 Баерн го доведе Ташчи од Спартак
Фудбалскиот клуб Баерн објави дека на позајмица го доведе Сердар Ташчи од Спартак Москва.
Ташчи одигра 14 натпревари за репрезентацијата на Германија, а има искуство во Бундеслигата бидејќи ги бранеше боите на Штутгарт пред преселбата во Русија во 2013 година.
Германските медиуми истакнуваат дека Ташчи е доведен во тимот за да го замени Џером Боатенг.
„Презадоволни сме што добивме шанса да доведеме играч каков што е Сердар Ташчи во Баерн до крајот на сезоната“, изјави Матијас Замер, спортскиот директор на Баерн.
Доколку клубот од Минхен сака може ова лето да го откупи договорот на дваесет и осум годишниот Ташчи.
„Се чувствувам одлично и се радувам на новиот предизвик. Се надевам дека ќе бидам од голема помош во тимот“, нагласи Ташчи.