Корисничко име Лозинка Пријави се
12.5.2015

Алардајс ќе го напушти Вест хем

По четири години, Сем Алардајс ќе го напушти „Аптон парк“, и тоа веројатно си заминува со пласман на Вест хем во Европа.

Големиот Сем ја одби понудата за нов договор, а тоа беше и очекувано бидејќи навивачите не беа задоволни од неговата работа, а договорот му истекуваше на крајот на сезоната.
Како што пренесува „Телеграф“, како замена за Алардајс, Вест хем ги има во план: Јирген Клоп, Дејвид Мојс, Михаел Лаудруп, Славен Билиќ и Рафаел Бенитес, од коишто мора да се признае дека секој би бил многу интересен.
Што се однесува до Алардајс, најверојатно е дека тој ќе паузира една година, па потоа би одлучил како и каде би ја продолжил кариерата. Вест хем најверојатно според правилата на фер плеј, ќе добие место во Лигата на Европа во наредната сезона.

Најнови вести