Корисничко име Лозинка Пријави се
12.3.2015

Напаѓачот на Вест хем се исекол дома

Енер Валенсија, напаѓачот на Вест хем, го повредил палецот, односно го исекол, и тоа многу лошо, па ќе го пропушти претстојниот натпревар со Арсенал, пренесуваат англиските медиуми.

Малиот инцидент во кој настрадал Еквадорецот се случил кај него дома, кога згазнал на скршена чаша.
„Енер имаше несреќа. Го исече палецот многу длабоко, па мораше да оди на шиење. Не знам колку точно ќе биде надвор од теренот, но мислам дека е рано да размислувам за него како опција за натпреварот со Арсенал. Навистина чуден инцидент, и тоа баш во моментот кога имаме кадровски проблеми со напаѓачите“, изјави Сем Алардајс, менаџерот на „чеканите“.
Валенсија оваа сезона на 30 натпревари постигна пет голови. Покрај него, Алардајс не може да смета ниту на Енди Керол и Карлтон Кол.

Најнови вести