Корисничко име Лозинка Пријави се
21.3.2013

Лидс повторно на продажба

Компанијата „ГФХ Капитал“ од Бахреин соопшти дека сака да ги продаде акциите на Лидс само по три месеци откако стана доминантен сопственик на англискиот второлигаш.

„’ГФХ Капитал’ планира да го продаде својот дел од акциите на ’ЛУФЦ Холдинг’ за 29 милиони фунти“, се наведува на интернет-страницата на компанијата, која клубот го откупи од поранешниот сопственик Кен Бејтс.
Компанијата само пред три месеци ги купи акциите од Бејтс, а сега бара седум милиони повеќе. Тие наведоа, во извештајот на крајот на 2012 година, дека компанијата ќе ги интензивира преговорите за да ги продаде акциите.
Сите навивачи на Лидс се сеќаваат на легендарната сезона 2000/01, кога стигнаа до полуфиналето на Лигата на шампионите.
Лидс три пати беше шампион на Англија, последен пат тоа се случи во 1992 година, додека по еднаш ги освои ФА купот и Лига купот.
Тимот од „Еланд роуд“ моментно се наоѓа на десеттото место на табелата, со седум бодови заостанување од клубовите кои се наоѓаат на позициите што водат во плејофот за Премиер лигата.

Најнови вести