Корисничко име Лозинка Пријави се
20.10.2012

Нов срам на натпревар во Англија

Без оглед на строгите закони против хулиганите, сепак се случуваат инциденти на фудбалските терени во Англија. Последниот испад се случи на натпреварот меѓу Шефилд венздеј и Лидс.

На натпреварот од 11 коло од англискиот Шампионат, Шефилд венздеј и Лидс одиграа нерешено 1-1, но мечот ќе остане запаметен по инцидентот кој го направија гостинските навивачи.
По изедначувачкиот гол на Лидс во 77 минута, гостинските навивачи влетаа на теренот, а „најхрабриот“ меѓу нив му пријде на голманот на домашните, Крис Киркленд, и го удри со двете раце во лице.
Голманот на Шефилд венздеј остана на лежи на тревата, а хулиганот се обиде да се сокрие меѓу останатите навивачи на Лидс на трибината зад голот. Со оглед на големиот број на камери на стадионот тоа не му успеа и сега го очекува драстична казна.

Најнови вести