Корисничко име Лозинка Пријави се
28.9.2012

Инвеститори од Бахреин го преземаа Лидс

Инвестициска групација од Бахреин објави дека потпишала договор за преземање на англискиот второлигаш Лидс.

Компанијата „ГФХ Капитал лимитед“ која е сопствеништво на „Голф финансии“, потпишала договор да го води и да го организира членот на англискиот Шампионат, второ по ранг фудбалско натпреварување во Англија.
Лидс се наоѓаше во тешка финансиска ситуација од 2001 година, кога за малку избегна банкрот.
Инвеститорите не соопштија никакви детали за своите планови ниту изјавија кој стои зад овој проект. Финансиските моќници од Арапскиот полуостров вложуваат сè повеќе пари во европските фудбалски клубови, а најдобар пример се големите вложувања во Манчестер сити и во ПСЖ.

Најнови вести