Корисничко име Лозинка Пријави се
26.3.2012

Нов договор за Фердинанд

Според зборовите на Алекс Фергусон, менаџерот на Манчестер јунајтед, на искусниот дефанзивен играч Рио Фердинанд, чиј договор истекува на крајот на тековната сезона, ќе му биде понуден нов.

Во моментов Фердинанд заработува 120.000 фунти седмично, а во новиот договор се говори дека би можело да добие намалување на основицата, но плус бонуси за настап.
„Рио и понатаму е млад кога се работи за централен дефанзивен играч. Мислам дека сè зависи од тоа како се чувствува физички. Одвреме-навреме има проблеми со болки во грбот, и на тоа ќе мора да внимаваме“, рече Фрегусон.
„Цело време сум убеден дека Рио,го доведов во екипата пред три или четири сезони. Заборавам дека тоа беше пред десет години. Има огромно влијание во соблекувалната и има одличен однос со останатите соиграчи, едноставно е брилијантен“, додаде шкотскиот стратег, за играчот кого во 2002 година го доведе од Лидс

Најнови вести