Корисничко име Лозинка Пријави се
03.9.2012

Ленон останува во Тотенхем до 2016 година

Англискиот репрезентативец Арон Ленон потпиша нов четиригодишен договор со Тотенхем и на „Вајт харт лејн“ ќе остане до 2016 година, потврди лондонскиот премиерлигаш.

Финансиските детали од договорот не се соопштени.
Ленон во 2005 година од Лидс дојде во Тотенхем и досега одигра 266 натпревари и постигна 25 голови.
За репрезентацијата на Англија одигра 19 натпревари, без постигнат гол.

Најнови вести